Дојранско Езеро (на грчки: Λίμνη Δοϊράνη, се чита: Лимни Дојрани) — езеро споделено помеѓу Република Грција и Република Македонија. Тоа е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Езерото зафаќа површина од околу 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (околу 27,3 км2) припаѓа на Р Македонија (Општина Дојран), а источниот, помалиот дел (околу 15,8 км2) на Р. Грција (Општина Кукуш). Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол.
Општина Дојран — општина во југоисточниот дел на Република Македонија. Центар на општината е селото Стар Дојран.
Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, Догрјан, гр. Δοϊράνη, Дојрани) ― историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро :
Органџали — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.
Џумабос — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија. Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.
Дурутли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.
Фурка — село во Општина Дојран, во областа Бојмија, покрај патот помеѓу Валандово и Нов Дојран.
Ѓопчели — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во непосредна близина на Дојранското Езеро.
Севендекли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.
Сретеново — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
Стар Дојран — село и административно седиште на Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
Боска — ниска планина во Македонија која се издига меѓу Валандовското Поле на север и Дојранското Езеро на југ. Највисок врв е истоимениот врв (720 м).